Утрински Весник
Спорт

Хамилтон сака да вози во Абу Даби

Хамилтон сака да вози во Абу Даби
Dik 300x250 mk

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, се надевал дека ќе може да ја вози последната трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби. Британецот, поради коронавирусот, ја пропушти минатата трка во Бахреин, Големата награда на Сахир.

„Знам дека не бев присутен во јавноста изминатите денови, но дефинитивно ова беше една од најтешките недели низ кои сум минал во животот. Концентриран бев на закрепнувањето и подготовките за да можам да возам во Абу Даби“, рекол во .-пораката, актуелниот светски шампион.

За да може да седне во своето возило, на патеката во Абу Даби, Хамилтон најпрвин мора да добие негативен корна-тест.

На неговото место, на Големата награда на Сахир, возеше Џорџ Расел, кој само поради грешката што ја направи тимот не го освои првото место. Расел на крајот заврши на деветтата позиција.

> Хамилтон сака да вози во Абу Даби <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето