Утрински Весник
Свет

Меркел: Нема да имаме доволно вакцини на почетокот од следната година

Меркел: Нема да имаме доволно вакцини на почетокот од следната година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека властите во земјата нема да можат да обезбедат доволно вакцини во првиот квартал од 2021 година, со цел да направат пресврт во текот на пандемијата.

Таа пред Бундестагот посочи дека е можно да се намали смртноста, а исто така додаде дека ќе ги преземе сите мерки училиштата и градинките да бидат отворени, објави „Ројтерс“.

Меркел се согласува со препораките да се затворат продавниците во периодот од Божиќ до 10 јануари, спротивставувајќи се на отворањето на хотелите, со цел да се спречи патувањето на семејствата кои сакаат да ги посетат роднините за време на празниците.

Меркел рече дека досегашното искуство покажало дека вториот бран на пандемијата е „посилен од првиот“, додавајќи дека сè уште има премногу луѓе кои се заразени во Германија.

Таа рече дека граѓаните и покрај предуредувањата не ги намалиле контактите со другите во значителна мерка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми