Утрински Весник
Спорт

Фиорентина и Џенова со драматично реми на „Артемио Франки“

Фиорентина и Џенова со драматично реми на „Артемио Франки“

Фиорентина и Џенова, без македонскиот капитен Горан Пандев во составот, одиграа неверојатно 1:1 реми во „дербито на дното“ во Серија А, откако двата гола паднаа во последните минути од мечот.

Марко Пјаца стрелаше во 89. минута од мечот, откако претходно ВАР системот го поништи голот на домаќините во 70-тата минута, кога Џек Бонавентура стрелаше за Виола. Меѓутоа, Џенова не успеа да стигне до првата победа од септември, откако Никола Миленковиќ постигна гол во 98. минута!

Џенова е на 19. место на табелата со шест поени, исто колку што имаат и Торино пред нив, додека Фиорентина е само 17. со 9 освоени поени.

> Фиорентина и Џенова со драматично реми на „Артемио Франки“ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рељиќ освои бронза на Албанија Г-1 Опен

Ивановски трет на Скопскиот маратон, победата ја однесе Кениецот Њороге

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска