Утрински Весник
Спорт

Брејкденс и официјално станува олимписки спорт од 2024

Брејкденс и официјално станува олимписки спорт од 2024

Брејкденсот, сурфањето, спортското качување и скејтбордот ќе бидат олимписки спортови од Олимпијадата во Париз во 2014 година, потврди Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

Сурфањето, спортското качување и скејтбордот ќе дебитираат на Олимпијадата во Токио следната година, откако Игрите беа одложени поради корона вирусот и ќе стартуваат на 23 јули 2021 година. Бидејќи е потребно долгорочно планирање на спортовите, ИОЦ уште сега ги потврди спортовите за 2024 пред тие да бидат тестирање во Токио.

Брејкденсот официјално ќе се вика брејкинг, како што беше наречено и во 1970-тите во САД, кога хип-хоп пионерите го промовираа овој танц. Брејкденсот веќе имаше деби на Младинската Олимпијада во Буенос Аирес во 2018 година.

Во Париз, брејкингот ќе се оддржува во истата арена каде што ќе се игра кошарка и 3-на-3 кошарка – Плас де Конкорд. Сурфањето пак, ќе се оддржи на над 10.000 километри од Франција, на плажите на Тахити во Пацифичкиот Океан.

Брејкденс може да стане олимписки спорт! (.)

> Брејкденс и официјално станува олимписки спорт од 2024 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига