Утрински Весник
Македонија

Обвинение за разбојник кој извршил пет тешки кражби на периферијата од Скопје

Обвинение за разбојник кој извршил пет тешки кражби на периферијата од Скопје

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против едно лице за сторени пет тешки кражби.

Обвинетиот 37-годишник, на 11 октомври, од угостителски објект во населба Илинден, одзел четири пластични гајби во вкупна вредност од 1.600 денари.

На 22 ноември, пак, од викенд куќа на стариот пат за село Брњарци, со провалување одзел телевизор „Сони“ вреден 18.000 денари.

Следниот ден, од две викенд куќи во населбата Дрма, истото лице одзело повеќе предмети во вкупна вредност од 12.500 денари.

На 24 минатиот месец, разбојникот ја прескокнал жичената ограда од овоштарник во Петровец и одзел предмети вредни 6.000 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и редлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

По трагедијата во Карпош: Дали училиштето можело да ја заштити Катја?

Зајкова: Големите партии манипулираат со изборниот закон

Професор од Скопје осомничен дека барал полови односи од 18 годишна ученичка