Утрински Весник
Свет

Во Словенија 480 нови случаи на коронавирус, 52 лица починаа

Од денес карантин во седум региони во Словенија

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 480 нови случаи на коронавирус од 1.751 тест, а 52 лица починаа, објави словенечката влада, наведувајќи дека постојните мерки остануваат на сила.

Поради помалиот дневен обем на тестирање во недела, бројот на потврдени случаи е значително помал од претходниот ден, но учеството на позитивните резултати е сè уште високо – 27,4 проценти, нешто пониско во споредба со 27,5 проценти претходниот ден.

Во болниците има 1.301 пациент, од кои 196 се на интензивна нега.

Вкупниот број на починати од ефектите на Ковид-19 во Словенија се зголеми на 1.795.

Министерот за здравство, Томаз Гантар, ги повика граѓаните доследно да ги почитуваат сите мерки во наредните недели, вклучително и за време на претстојните Божиќни и новогодишни празници и да избегнуваат ризични контакти и собири.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори

Нетанјаху се закани со нови напади врз Либан и Газа

Ердоган најави разговори со Путин за оживување на „житниот коридор“ преку Црното Море