Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Рита Ора повторно се извини за второ непочитување на антикорона мерките

Рита Ора повторно се извини за второ непочитување на антикорона мерките
Img 7972

Поп-sвездата Рита Ора требало да биде во самоизолација по патувањето во Египет, согласно ограничувањата воведени во Велика Британија среде пандемија на Ковид-19.

Британски медиуми објавија дека 30-годишната пејачка одлетала за Египет со приватен авион на 21 ноември. По враќањето следниот ден, требало да се самоизолира две недели. Наместо тоа, таа приреди роденденска забава во Лондон, што исто така беше во спротивност со правилата за таканаречениот локдаун, пишуваат „Гардијан“ и „Би-би-си“.

Таа минатата недела се извини за забавата, и понуди да плати парична казна.

Детали за нејзиното патување во Египет последователно се појавија во „Мејл он сандеј“. Весникот објави дека пејачката имала ексклузивен настап во хотел во Каиро за шестцифрена сума.

Анонимен извор исто така за „Мејл“ изјавил дека египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси бил меѓу присутните, иако ваквото тврдењето е оспорено.

Како одговор на веста за патувањето, Ора повторно се извини и рече дека заслужува критика за своите постапки. Хонорарот од настапот во Каиро ќе го донира во добротворни цели

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат

Љубовен мир и заборавено богатство денес: Дневен хороскоп (04.10.2025)