Утрински Весник
Економија

Аеродромот во Истанбул е најпрометниот во Европа во услови на пандемија

Според Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај, аеродромот во Истанбул забележа најмногу летови во Европа од 28 ноември до 4 декември.

На овој аеродром, на 1 декември се извршени 423 летови, на 2 декември 498, следниот ден 483, а потоа 570 летови, пренесува Анадолија.

Аеродромот во Истанбул има поголем сообраќај од аеродромите во Амстердам, Франкфурт, Лондон и Париз.

Аеродромот во Истанбул беше официјално отворен во октомври 2018 година и е еден од најголемите во светот, а во август годинава прв доби меѓународен сертификат за здравствена акредитација, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креиран за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани

22 километри што треба да ја поврзат Македонија со Европа: Почеток на нова фаза за Коридорот 8

ММФ ќе препорача до Владата да се зголеми старосната граница за пензионирање