Утрински Весник
Македонија

За еден ден казнети 136 возачи во Центар

За еден ден казнети 136 возачи во Центар

Полицијата за еден ден казнила 136 возачи во Центар за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Центар изречени се вкупно 136 казни, меѓу кои 20 за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани возила, 13 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 11 санкции за некористење сигурносен појас и седум казни за користење мобилен телефон.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА: Муцунски и Петрова-Чамова на средба во Софија