Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Европол предупредува на лажни вакцини: „Во најдобар случај би биле неефикасни, а во најлош – токсични“

Европол предупредува на лажни вакцини: „Во најдобар случај би биле неефикасни, а во најлош – токсични“
300x250 opst2

 

Европол ги повика земјите-членки на ЕУ и трети земји да бидат особено внимателни во врска со можните измами и криминални активности поврзани со вакцините против Ковид-19.

Европол издаде предупредување за криминални активности поврзани со вакцините, во кое се посочува дека криминални групи веќе се подготвуваат да ги искористат можностите што ги дава пандемијата на коронавирусот.

„Веднаш откако на пазарот ќе влезе вистинска вакцина, се очекува брзо да се појават и прошират нејзини фалсификувани верзии“, се вели во соопштението на службата.

Се наведува дека тие во најдобар случај можат да бидат неефикасни, а во најлош случај токсични, имајќи предвид дека ќе се произведуваат во нелегални лаборатории без придржување кон хигиенските стандарди.

Европол предупреди, исто така, и дека има информации за криминални групи кои рекламираат купување преку Интернет на таканаречената мрачна мрежа, „користејќи ги логоата на вистински фармацевтски компании кои се во завршна фаза на тестирањата на своите вакцини“.

Претходно оваа година, во април, Европол предупреди на потенцијалната опасност измамници да нудат наводни верзии на вакцини против Ковид-19, преку Интернет и во живо.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Младиот Кико од Кочани се бори со најтешката болест – да му помогнеме!

Неготинец тешко повреден додека работел во хала на стопански комплекс

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана