Утрински Весник
Магазин

(Видео) Мил момент помеѓу принцот Вилијам и принцезата Дајана во ново-откриено видео

(Видео) Мил момент помеѓу принцот Вилијам и принцезата Дајана во ново-откриено видео

Кога сте член на монархија значи дека вашиот живот е документиран многу подетално отколку вообичаено семејство. Додека повеќето од нас чуваат интересни божиќни честитки од детството или домашни видеа на поткровје, ваквите предмети веројатно немаат големо значење за оние што се надвор од нашиот непосреден круг.

За кралското семејство, сепак, овие спомени стануваат дел од националната историја, при што целата јавност чувствува длабоко чувство на поврзаност со неговите членови. На пример, ново прегледано видео на кое се гледа малиот принц Вилијам (сега војводата од Кембриџ) како го пудрира носот на својата мајка, покојната Дијана, принцезата од Велс, се покажа како хит кај фановите на кралското семејство.

Овој момент на размена на нежност, веројатно снимен додека таа се подготвувала за фотосесија, предизвика наплив на симпатии кај многумина, коментираат британски таблоиди.

Снимката кружи на социјалните мрежи во услови на зголемен интерес за принцезата Дајана во последно време – што може да се припише на серијата „Круна“ и прашањата околу познатото интервју за „Панорома“ на Мартин Башир.

Датирано од 80-тите години на минатиот век, видео клипот покажува како тригодишниот Вилијам ѝ помага на својата мајка за време на семејно фотографирање. Детето може да се забележи како држи пуфер со пудра во прав и нежно го тапка по носот и образите на својата мајка, допирајќи ѝ ја шминката додека таа седи трпеливо.

https://www.youtube.com/watch?v=_uLRWCiF-0A

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста