Утрински Весник
Свет

Црна Гора избра нова Влада

Црна Гора избра нова Влада

Парламентот на Црна Гора денеска избра нова Влада, чиј претседател е Здравко Кривокапиќ.

За изборот на новата влада, во која ќе има 12 министерства и еден потпретседател, гласаа 41 пратеник, 28 беа против, а еден беше воздржан.

Кривокапиќ беше номиниран за премиер од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на 8 октомври, на барање на три коалиции кои обезбедија парламентарно мнозинство по изборите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамнеи изјави дека одмаздата за убиството на неговиот татко е „барање на нацијата и мора да се спроведе“

Маж прободен во лице за време на трката со бикови во Памплона

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија