Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Шуто Оризари ќе има пункт за тестирање со бесплатни брзи тестови

Британски епидемиолог убеден дека коронавирусот не потекнува од Кина
300x250 opst2

Во поликлиниката во Шуто Оризари од следната недела ќе почне со работа пункт каде ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Матичните лекари ќе може да закажуваат термини веќе од понеделник. Тестирањето ќе почне во среда и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена, информираат од Министерството за здравство.

„На пунктот ќе се изработуваат по 30 теста дневно, а тестирањето ќе го врши лаборант, кој помина соодветна обука за земање брисеви за брзи тестови. Во Скопје досега имаше 6 пункта за брзи тетсови и тоа во поликлиникте во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан. На овие пунктови дневно се прават по 360 тестирања“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Тестирање со брз тест ќе може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од пет дена.

„Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали тој ќе се тестира со ПЦР тест или со антигенски – брз тест. Брзите тестови се бесплатни за граѓаните“, потенцирааат од Министерството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ