Утрински Весник
Македонија

Лекари од брзата помош биле нападнати од скопјанец кого дошле да го спасуваат

T55tПолиција

Синоќа околу два часот по полноќ од страна на Итната медицинска помош во скопската полиција бил пријавен несекојдневен инцидент.

Според пријавата, екипа на брзата помош била физички нападната на улицата Втора македонска бригада.

Имено, екипата отишла на местото на повик во врска со лице во бессознание, па додека му била укажувана помош, лицето се освестило и физички нападнало еден од лекарите.

По ова, полицијата излегла на местото на настанот и преземала мерки за обезбедување на 57-годишниот С.Л. од Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство