Утрински Весник
Македонија

Обвинение за крадец на велосипеди во Скопје

Обвинение за крадец на велосипеди во Скопје

Обвинителството поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за неколку кражби на велосипеди во главниот град.

Кражбите се случиле во периодот од 23 октомври до 21 ноември.

„Во четири одвоени кривично-правни настани, на различни локации во Скопје, обвинетиот влегувал во влезови од згради од каде крадел велосипеди. Притоа со употреба на физичка сила ги кинел сајлите со кои биле врзани велосипедите и противправно ги присвојувал“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство