Утрински Весник
Свет

Кинеската сонда собра примероци од површината на Месечината

Кинеската сонда собра примероци од површината на Месечината

Кинеската вселенска сонда испратена во мисија да го проучува досега неистражениот дел на Месечината, го заврши собирањето примероци и во тек се подготовки за испраќање на првите примероци од Месечината по четири децении.

Кина инвестираше милијарди во воена вселенска програма, во надеж дека ќе има вселенска станица со екипаж до 2022 година и ќе испрати луѓе на Месечината.

Вселенското летало „Чанг-5“, именувано по митската божица на Кина, слета на Месечината во вторникот и го заврши собирањето примероци од карпи и почви, соопшти кинеската Национална вселенска управа (ЦНСА).

Вселенското летало требаше да собере два килограми материјал од областа позната како Oceanus Procellarum – голема висорамнина лава, според научното списание „Nature“.

Научниците се надеваат дека примероците ќе им помогнат да научат нови работи за потеклото на Месечината, формирањето и вулканската активност на површината.

Државните медиуми оваа недела објавија дека леталото се подготвува за околу 48 часа задачи на Месечината.

Доколку успее во тоа, Кина ќе биде само третата земја што собира примероци од Месечината, по САД и Русија во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Ова е прв обид по Советската мисија Луна 24 во 1976 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници