Утрински Весник
Свет

Комеморација за жртвите од нападот во германскиот град Трир

Комеморација за жртвите од нападот во германскиот град Трир

Во германскиот град Трир денеска се одржа комеморација за петмината граѓани кои загинаа, кога автомобил влета во група пешаци во пешачката зона, при што беа повредени уште 15 лица.

„ Трир жали, Трир страда, но Трир нема да падне“, рече градоначалникот на градот Волфрам Леибе на комеморацијата во близина на местото каде 51-годишниот возач го изврши ужасниот чин.

Лаибе рече дека Трир „од Втората светска војна“ не доживеал нешто толку ужасно.

На комеморацијата пред историските ѕидини на Порта Нигра, од времето на Римската империја, се собраа неколку стотици граѓани. Венецот за жртвите го положи и премиерот на сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, Мала Дрејер.

„ Никој не можеше ни да претпостави дека вакво нешто може да се случи во Трир“, рече Дрејер.

52-годишен Германец вчера со теренско возило влета со голема брзина во пешачка зона при што загинаа пет лица, меѓу кои и девет недели старо бебе. Меѓу загинатите се 45-годишниот татко на детето и три жени на возраст од 25, 52 и 73 години. Повредени се 14 лица, од кои четири потешко.

Досега не е утврден ниту еден политички или верски мотив. Возачот на автомобилот, германски државјанин со локални корени, имал ментални проблеми во минатото и за време на трагедијата бил во алкохолизирана состојба со 1,4 промили алкохол во крвта.

Според полицијата, тој последните неколку дена ги поминал во автомобилот со кој бил извршен масакрот.

Според изјавата на Државното обвинителство, тој свесно возел по кривулестата патека со намера да убие што повеќе минувачи. Осомничениот треба да биде изведен пред истражен судија денес, кој треба да нареди притвор или пренесување во психијатриска установа.

Министерот за внатрешни работи на Рајнска област-Пфалц, Роџер Левенц изјави дека е тешко да се спречат нападите во кои автомобилот се користи како оружје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи