Утрински Весник
Свет

Затворски казни за активистите од Хонгконг

Затворски казни за активистите од Хонгконг

Истакнатиот хонгконшки продемократски активист Џошуа Вонг и уште двајца негови колеги се осудени на затворски казни поради минатогодишните антивладини протести.

Вонг (24) е осуден на 13,5 месеци затвор, а неговите колеги Агнес Чоу и Иван Лам на 10 и седум месеци затвор.

„Следните денови ќе бидат тешки, но ние ќе издржиме“, извикал Вонг додека го изнесувале надвор од судницата.

Вонг и активистите Иван Лам (26) и Агнес Чоу (26) на 23 ноември се изјаснија дека се виновни за обвиненијата за организирање, учество и поттикнување на демонстрантите да се приклучат на нелегален протест пред седиштето на полицијата во јуни минатата година.

Тројцата беа членови на сега распуштената политичка партија Демосисто.

Вонг стана активист на 13-годишна возраст и веќе е затворан, а бројни весници како „Тајм“ го прогласија за еден од највлијателните луѓе во светот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk