Утрински Весник
Свет

Во Австрија 60% од пациентите на интензивна нега се мигранти, повеќето од Балканот

Во Австрија 60% од пациентите на интензивна нега се мигранти, повеќето од Балканот

Виенскиoт лекар Буркард Густорф, специјалист по медицина за интензивна нега, истакнува дека луѓето со мигрантско потекло во Австрија се натпросечно повеќе погодени од Ковид-19.

Ковид-пациентите на клиниката Отакринг, каде што работи Густорф, се претежно од Западен Балкан, јужна Полска и Турција.

Густорф тврди дека во неговата клиника дури 60 проценти од пациентите на интензивна нега имаат мигрантско потекло.Тој во изјава за виенскиот дневен весник „Презе“ рече дека владата мора да спроведе стратегија за комуникација насочена кон мигрантски групи.

„Колку што знам, владините регулативи во општеството се прифаќаат многу поинаку“, вели шефот на Одделот за анестезија, медицина за интензивна нега.

„Неопходна е стратегија за комуникација насочена кон одредени групи на општеството“, подвлече виенскиот лекар, додавајќи дека на тој начин може да се пренесат опасностите од инфекција со коронавирус.

На прашањето колку мигранти биле погодени од коронавирусот, Густорф рече дека станува збор за бран на повратници од ризични региони на Балканот и Турција, а од друга страна, луѓе кои се заразиле на семејни прослави.

Тој исто така нагласи дека коронавирусот се шири меѓу мигрантите побрзо поради тесните услови за домување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност