Утрински Весник
Магазин

Јужна Кореја донесе закон со кој „БТС“ можат да го одложат воениот рок

Јужна Кореја донесе закон со кој „БТС“ можат да го одложат воениот рок

Јужнокорејскиот парламент во вторникот усвои предлог-закон за да им се овозможи на членовите на глобално признатиот поп бенд „БТС“ да го одложат задолжителниот воен рок до 30-годишна возраст.

Сите работоспособни јужнокорејски мажи на возраст меѓу 18 и 28 години мора да служат војска две години како дел од напорите на земјата да се заштити од Северна Кореја.

Амандманот на законот за воена служба беше дизајниран да обезбеди исклучоци за мегаsвездите на К-поп кои го подобруваат културниот статус на земјата и придонесуваат за развојот на економијата.

Јужна Кореја им дозволува на студенти кои ги исполнуваат условите да ги одложат должностите до 28 години. Парламентот во Сеул веќе има одобрено исклучоци за музичари од висок профил, како и спортисти кои освоиле олимписки медали или злато на Азиските игри, вклучувајќи го и напаѓачот на „Тотенхем“ Хотспур, Сон Хунг-мин.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста