Утрински Весник
Спорт

Кристијано ја доби наградата „Златно стапало“

Кристијано ја доби наградата „Златно стапало“

Кристијано Роналдо додаде уште едно индивидуално признание во својата голема колекција кога ги победи Лионел Меси, Роберт Левандовски и Мохамед Салах за да биде добитник на 18. издание на „Златното стапало“.

Трофејот им се доделува на фудбалерите што се истакнуваат со своите спортски достигнувања, но и според нивниот карактер, откако 10 фудбалери добиваат номинации од интернационалните новинари, по што се гласа онлајн.

Роналдо доби повеќе гласови од Меси, Левандовски, Џорџо Кјелини, Нејмар, Серхио Рамос, Серхио Агуеро, Салах и од Артуро Видал. Јувентус остварува двојна победа откако претседателот Андреа Ањели е првиот добитник на „Голден фут престиж“, награда избрана од новинарите.

> Кристијано ја доби наградата „Златно стапало“ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид