Утрински Весник
Македонија

Соботка: Австрија останува силен подржувач на С.Македонија за што е можно побрзо отворање на преговорите

Соботка: Австрија останува силен подржувач на С.Македонија за што е можно побрзо отворање на преговорите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери оствари видео средба со претседателот на Националниот Совет на Република Австрија, Волфганг Соботка.

Во однос евроинтеграциите, претседателот Соботка истакна дека Република Австрија останува силен подржувач на Република Северна Македонија за што е можно побрзо отворање на преговорите и дека тој свој став цврсто го застапува на сите нивоа во институциите на Европската Унија. Во однос на бугарското вето, претседателот Џафери истакна дека каналите за комуникација остануваат отворени и дека се надева на надминување на разликите во преговарачкиот процес. Во спротивно, евроскептицизмот ќе расте, заклучи Џафери.

Соботка се заблагодари за телеграмата со сочувство упатена по терористичкиот напад во Виена на 2 ноември оваа година, истовремено изразувајќи сочувство за државјанинот на Република Северна Македонија кој како жртва настрада во овој ужасен акт. Двајцата соговорници се согласија дека борбата против тероризмот бара вклучување не само на полицијата, туку и на целото општество, бидејќи тој не познава ниту религии ниту етнички заедници, а казнените мерки, се важни исто колку и механизмите за превенирање и рано идентификување на радикализацијата. Тие ја пофалија активната соработка и ефективната размена на информации меѓу институциите на двете држави во борбата против тероризмот.

Претседателите Џафери и Соботка разменија и мислења во врска со состојбите во двете држави со пандемијата Ковид-19. Заклучија дека ситуацијата е подеднакво тешка, дека притисокот кон здравството е силен, дека влијанието врз економијата е негативно и дека за справување со ширењето на вирусот потребно е координирано дејствување и целосно искористување на сите расположливи човечки и материјално – технички ресурси. За оваа цел, информираше Џафери, во Република Северна Македонија е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена.

Двајцата претседатели изразија задоволство што и во овие вонредни околности на работење, продолжува соработката за формирање на Работилница за демократија во Собранието на Република Северна Македонија по примерот на онаа која делува во рамките на австрискиот Парламент, а која има за цел да сподели знаење и да го стимулира интересот за политика и за демократски процеси кај младите. Претседателот Соботка изрази желба лично да присуствува на отворањето на Работилницата во Собранието на Република Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути