Утрински Весник
Македонија

Николоски: Мора да се стави крај на распродажбата на се што е македонско

Николоски: Мора да се стави крај на распродажбата на се што е македонско

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски на денешното обраќање пред граѓаните собрани пред Владата рече дека мора да се стави крај на распродажбата на се што е македонско од страна на Зоран Заев.

„Еве веќе недела дена, Македонците, граѓаните на Македонија, од сите краеви на Македонија го креваат гласот против најголемото национално предавство кое и се случува на Македонија“, рече Николоски во обраќањето.
Потпретседателот Николоски посочи дека присуството и блокадата пред Владата се уште еден сигнал за оние кои седат во Владата, а се предводени од Зоран Заев.

„Ова овде, оваа бокада е уште еден сигнал за оние кои седат позади, тука на чело со Зоран Заев, дека денес, сега, ова е моментот во кој треба да поднесат оставка  и да престанат да ја понижуваат Македонија и македонкиот народ“, кажа Николоски.

Николски во обраќањето порача: „Денес оставка, за да не е доцна. Денес оставка, за да престанат националните понижувања.Денес оставка, за да престанат да тргуваат со македонската историја, македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската култура. Денес оставка, затоа што за пусти пари распроадваат работи кои не се проадваат, за пари за бизниси, за да им работат фирмите во Струмица, ама и фирмите во Бугарија, да им работат фирмите во Струмица, ама и фирмите во Петрич“ .

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим