Утрински Весник
Македонија

ВМРО – ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање за коронавирус за сите граѓани

ВМРО – ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање за коронавирус за сите граѓани

ВМРО – ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање за коронавирус за сите граѓани.

„Како пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ предложивме амандмани за ковид кризата и затоа бараме од нашиот данок, прифатете ги нашите амандмани, затоа што само живи луѓе можат да ја раздвижат економијата и нашиот фокус е да се спасат што е можно повеќе животи. За доброто на сите тргнете ја суетата, внимателно разгледајте ги и прифатете ги амандманите како што се на пример: амандманот за бесплатни ковид тестови за сите граѓани и амандманот за 50 нови амбулантни возила“, изјави пратеничката Ели Панова.

Таа додаде дека живееме во држава која е во првите пет земји во Европа во заразени по глава на жител, а по смртност и многу пошироко.

Според неа, со масовно тестирање ќе се помогне во намалување на бројката на новозаразени, а тоа значи дека ќе се спасат животи и ќе се намали смртноста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни