Утрински Весник
Свет

Фаучи ги повика граѓаните да бидат дел од решението и да се вакцинираат

Фаучи ги повика граѓаните да бидат дел од решението и да се вакцинираат

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ги повика граѓаните да бидат дел од решението и да се вакцинираат кога ќе биде достапна вакцината против коронавирусот, додека САД се подготвуваат за првата фаза на имунизација против Ковид-19, пишува Си-ен-ен.

„Кажете си дека нема да бидете личноста преку која вирусот ќе премине на друга личност, запрете го пренесувањето на Ковид-19“, му рече Фаучи на извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукенберг.

Вирусот се шири со голема брзина во САД, а рекорден број пациенти хоспитализирани поради Ковид-19 е забележан 20 пати минатиот месец. Последниот најголем број на хоспитализирани пациенти е забележан во понеделникот, кога е потврдено дека 96.039 лица се во болница.

Досега се регистрирани 13,5 милиони случаи на Ковид-19 и 268.045 смртни случаи во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет млади лица се удавиле во Британија за време на топлотниот бран

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена