Утрински Весник
Свет

Тажни сцени од Амазон, исечени илјадници хектари дождовна шума

Тажни сцени од Амазон, исечени илјадници хектари дождовна шума

Вкупно 11.088 квадратни километри дождовна шума се уништени од август 2019 година до јули 2020 година. Тоа е зголемување за 9,5 проценти во споредба со претходната година. Дождовната шума во Амазон е клучна за резервите на јаглерод кои го забавуваат темпото на глобалното затоплување, пренесува Би-би-си.

Научниците тврдат дека Амазон страда откако Жаир Болсонаро стапи на функцијата претседател на Бразил во јануари 2019 година. Тој ги поттикна земјоделските и рударските активности во најголемата дождовна шума во светот. Во Амазон живеат околу три милиони растителни и животински видови и милион домородци.

Официјалните бројки ќе бидат објавени на почетокот на следната година, но според последните податоци, исечената површина значително е зголемена во споредба со ситуацијата пред доаѓањето на Болсонаро.

Бразил си постави цел да ја намали стапката на уништување на шумите на 3.900 квадратни километри годишно до 2020 година. Таа бројка е надмината речиси три пати.

Со исчезнувањето на „белите дробови на светот“, научниците предупредуваат дека глобалните температури ќе се зголемат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран