Утрински Весник
Спорт

Балотели има нов клуб?

Балотели има нов клуб?

„Лошото момче“ на светскиот фудбал, Марио Балотели, се наоѓа пред трансфер во Васко де Гама. Балотели, од ре-стартот на сезоната нема клуб, откако го раскина договорот со Бреша.

„Овде тој би бил пречекан како да е Марадона“, рекол спортскиот директор на Васко де Гама, Фабио Кордела.

Тој дополнил дека, по Реал Мадрид, Васко де Гама е најтрофејниот клуб во светот и дека сите во клубот би сакале Балотели да игра за нив.

Бразилскиот клуб се уште не може да потпише договор со Балотели, поради што се договараат тој да остане слободен играч и со нив да потпише на 15.декември.

„Засега не можеме да го официјализираме трансферот, но преговараме, разменуваме мејлови. Се имаме договорено, останаа уште некои формалности. Се надевам дека до 15.декември ќе потпишем. На Васко му е потребен играч каков што е Балотели, а на Марио му е потребен клуб каков што е Васко де Гама“, заклучил Кордело.

Марио Балотели е поранешен играч на Интер, Манчестер сити, Ливерпул, Милан, Ница, Олимпик Марсеј и Бреша.

> Балотели има нов клуб? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари