Утрински Весник
Свет

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар, Хери Казианис, кој се повикува на два неидентификувани јапонски разузнавачки извори.

Казианис е експерт за Северна Кореја во тинк-тенк Центар за национални интереси во Вашингтон. Тој вели дека семејството на Ким и неколку високо позиционирани севернокорејски функционери се вакцинирани против коронавирус, пренесе Ројтерс.

„ Не е познато која компанија го доставила својот кандидат за вакцини на семејството Ким и дали е докажано дека лекот е безбеден“, додаде тој.

Повикувајќи се на американскиот медицински експерт Питер Хотез, Казианис додава дека најмалку три кинески компании развиваат вакцина против Ковид-19, вклучувајќи ги „Синовац Биотек“, „КанСиноБио“ и „Синофрам груп“.

Некои експерти се сомневаат дека Ким би примил експериментална вакцина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни