Утрински Весник
Спорт

Артета: Знам дека еден ден ќе добијам отказ

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Арсенал го бележи најлошиот старт во сезоната во последните 39 години. Во неделата, тимот кој го предводи Микел Артета, го загуби третиот меч по ред на домашен терен. По Лестер и Астон Вила, бодовите од Лондон ги однесоа и фудбалерите на Вулверхемптон.

Кога на тимот не му оди добро, вината најпрвин се бара кај тренерот, потоа кај играчите и клупските челници.

„Кога решив да станам тренер знаев дека еден ден ќе добијам отказ или дека ќе го напуштам клубот, но во моментов не знам кога тоа ќе се случи. Во оваа работа тоа е нормално, само што јас не знам кога тоа ќе се случи“, рекол Артета.

„Единствената грижа во моментов ми е како да го извлечам максимумот од моите играчи“.

Арсенал, во четврток, ќе го пречека Рапид од Виена, во Лига Европа, а потоа ќе гостува кај Тотенхем во Премиер лигата.

Во првите десет рунди, во Премиер лигата, Арсенал имаат освоено само 13 поени.

> Артета: Знам дека еден ден ќе добијам отказ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка