Утрински Весник
Економија

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со денешната одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар за литат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 денари за килограм.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 60,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 62,5 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53 денари, на масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53 денари за литар, а на мазутот 28,501 денари за килограм.

„Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање, враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што пак предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата, “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,323%.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Управата за јавни приходи со зајакнат пристап во управувањето со даночните долгови

ДЗР констатирал слабости во начин на организација на инспекцискиот надзор од областа на урбанизмот

Глобалната недела на парите 2026 година: „Разговори за паметно управување со парите”