Во последните 24 часа се евидентирани 1.830 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 21.457.
Меѓу нив, 2.358 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 255 се на респиратор, а починаа 74 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 128.442 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.786 починале, вкупно 105.199 се опоравени, од кои 3.361 во последните 24 часа. Во моментов има 46.802 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 749.346 лица, од кои 5.027 во последните 24 часа.