Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот
Img 7972

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет во декември, изјави денес директорот на Центарот, Ринат Максјутов.

„Веќе произведовме 35.000 дози вакцини и планираме да произведеме 50.000 дози до крајот на годината. Околу 5.000 дози се на клиничко испитување по регистрацијата, а останатите ќе бидат пуштени во цивилен промет“, рече Максјутов на онлајн Фестивал за наука.

Според Максјутов, пренесува ТАС С, првата серија вакцини што ќе бидат ставени во промет треба да се тестираат во институциите на Министерството за здравство најрано на 7-8 декември.

Освен „Епиваккорона“, во Русија е регистрирана уште една вакцина против коронавирус – „Спутник V“. Оваа вакцина е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеја“.

Се очекува наскоро да биде развиена уште една вакцина против коронавирус во Русија  од Федералниот научен центар за истражување и развој на имунолошки и биолошки производи на Руската академија на науките.

Една доза од вакцината ќе чини најмалку 10 американски долари на меѓународните пазари.

Вакцинацијата во Русија ќе биде бесплатна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј