Утрински Весник
Свет

По ракетен напад избувна пожар во рафинерија за нафта во Ирак

По ракетен напад избувна пожар во рафинерија за нафта во Ирак

Ирачкото Министерство за нафта објави дека ракетниот напад предизвикал голем пожар во рафинеријата за нафта на северот на земјата. Исто така, поради тоа, работата била стопирана некое време.

Пожарот погоди резервоар во мала рафинерија во Синија во провинцијата Салахудин. Нема извештаи за жртви, се вели во соопштението на Министерството.Пожарот е изгаснат и работата продолжила неколку часа по нападот.

Рафинеријата во Синија се наоѓа во близина на големата рафинерија за нафта во Ирак, која претрпе големи штети за време на војната против џихадистите на Исламската држава.Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп

Четири арапски држави во дипломатска акција за да се спречи американски напад врз Иран

Германскиот парламент одобри побрза набавка на оружје