Фудбалерите на Арсенал, во првите десет рунси во Премиер лигата, освоиле 13 поени, што е најлош учинок за овој клуб во последните 39 години.
Екипата на Микел Артета, во неделата, доживеа пораз на домашен терен од Вулверхемптон (1:2). Арсенал се наоѓаат на 14 позиција на табелата.
Поразот од Вулверхемптон беше трет во низа, на домашен терен за тимот на Артета. Претходно бодовите од „Емирејтс“ го однесоа Лестер (0:1) и Астон Вила (0:3).
Екипата на Арсенал во сезоната 1981/1982 по десет рунди имала 12 поени.
Арсенал во наредното коло, во дербито на северен Лондон, ќе гостува кај Тотенхем.
> Најлош старт на Арсенал во последните 39 години <