Утрински Весник
Спорт

Удинезе го освои Рим, „небесносините“ лоши во Серија А

Удинезе го освои Рим, „небесносините“ лоши во Серија А

Екипата на калчолигашот Удинезе, каде поради позитивен тест на коронавирус во составот го немаше македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски попладнево оствари значајна победа на „Олимпико“ во Рим против тимот на Лацио со 3-1 во деветтото коло на италијанската прва лига.

Се чини згуснатиот распоред среда – недела им пресуди на играчите на Симоне Инзаги, па по одличните партии во ЛШ каде на 4 меча собраа 8 бода, „небесносините“ сезонава не можат да се пофалат со многу бодови во Серија А. Тука по 9 кола имаат 2 нерешени и 3 порази, доволно само деветтата позиција.

Инаку, Удинезе поведе во 18-та минута, стрелец Арслан. На 0-2 во последните моменти од првиот дел зголеми Пусето.

Во второто полувреме високи 0-3 за гостите од Удине донесе Форестиери.

Конечните 1-3 ги постави Имобиле, од пенал, во 74 минута.

Удинезе со овој триумф собра 10 бода, доволни за 12-та позиција во моментов.

> Удинезе го освои Рим, „небесносините“ лоши во Серија А <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027