Утрински Весник
Македонија

Запленети 36 килограми марихуана, приведени две лица од Куманово

Запленети 36 килограми марихуана, приведени две лица од Куманово

Полицијата приведе две лица од Куманово осомничени за шверц на дрога. Тие набавиле марихуана од Косово, со намера да ја продаваат во Турција.

Според информациите на МВР, кривична пријава е поднесена против А.И. (59) и З.М. (52), двајцата од Куманово, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

А.И. и З.М. од Косово набавиле марихуана заради понатамошен транспорт до Турција. На 04 ноември тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во Македонија, а камионот во кој била марихуаната по насоки на А.И. бил паркиран на договорена локација во Скопје.

На 09 ноември, З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопат Скопје-Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Од страна на полициски службеници извршен е преглед на камионот во кој биле пронајдени 36 килограми марихуана.

На двајцата осомничени определен им е притвор од 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година

Жена и две деца повредени откако „пежо“ излетало од патот и се превртело

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија