Утрински Весник
Македонија

Слаб интерес за субвенциите за чистење оџаци, повикот завршува в понеделник

Град Скопје ги повикува граѓаните да аплицираат за бесплатно чистење на оџаци

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека викендов можат да ги исчистат своите оџаци и да аплицираат за субвенции до понеделник, 30 ноември, до 15 часот, кога е крајниот рок за аплицирање за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.

Оваа година Град Скопје има предвидено два милиона денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1.660 субвенции, а досега се пристигнати само 470 барања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите

Трајчулески до Мицкоски: Правите партиски упад во независните тела, ова не е мерит систем