Утрински Весник
Свет

Навални: Не признавајте ги изборните резултати во Русија, воведете санкции за олигарсите

Руските лекари демантираат дека Навални е отруен
Dik 300x250 mk

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ја повика Европската унија да ги отфрли резултатите од парламентарните избори во Русија следната година.

Тој ги повика лидерите на ЕУ да го преземат тој потег доколку на кој било кандидат не му биде дозволено да учествува. Тој исто така ја повика ЕУ да воведе санкции за олигарсите блиски до претседателот Владимир Путин.

Навални им порача на членовите на Европскиот парламент дека е важно Европа да не молчи за условите во Русија, пренесува АП.

Тој ги нарече изборите за долниот дом на рускиот парламент, кои треба да се одржат во септември следната година, апсолутно клучен настан и дека најважно е тој и другите членови на опозицијата да можат да учествуваат на нив.

Навални досега неколку пати беше блокиран да не учествува на изборите.

„Ако на сите им биде дозволено да учествуваат, можеме да разговараме понатаму. Но, ако некому му биде оневозможено тоа, резултатите од таквите избори не може да бидат признаени”, рече Навални.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил