Утрински Весник
Свет

Турција: Барањето за санкции против Анкара e надвор од реалноста

Турција: Барањето за санкции против Анкара e надвор од реалноста

Турција оцени дека барањето на Европскиот парламент да воведе санкции против Анкара е надвор од реалноста.

Санкциите се бараат поради неодамнешната посета на претседателот Реџеп Таип Ердоган на турскиот дел на Кипар.

Вчера ЕП усвои необврзувачка резолуција за поддршка на Кипар, којбара од лидерите на ЕУ да преземат мерки и да воведат остри санкции против Турција.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој ја критикуваше резолуцијата и го обвини Европскиот парламент дека е пристрасен и надвор од реалноста за кипарското прашање, пренесува „Ројтерс“.

„Ако се уништи овој пристап и менталитет, органите на ЕУ нема да можат да дадат конструктивен придонес во решавањето на кипарското прашање“, рече Аксој.

Турција е во спор со Грција и Кипар поради истражувањето на резервите на гас во источниот Медитеран.

Покрај тоа, Ердоган неодамна го посети Варош, место на Кипар, кое по турската инвазија во 1974 година е оградено и напуштено на ничија земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа

Блумберг: САД и Русија планираат прекин на огнот што би ја зацврстил руската контрола врз заземените украински територии

Путин разговарал по телефон со своите партнери пред можната средба со Трамп