Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска

Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска

Златан Инрахимовиќ, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Шведска, ќе се врати во националниот тим. 39-годишниот напаѓач игра во неверојатна форма, поради што селекторот на Шведска, Јане Андерсон, му понудил, а тој прифатил да се врати во репрезентацијата.

Ибрахимовиќ и Андерсон, во минатото, имаа одредени несогласувања, поради што селекторот бил во Милано за да го убеди повторно на теренот да биде предводникот на „трите круни“.

„Кога Златан ја отвори можноста за враќање во репрезентацијата, знаев дека морам да се видам со него. Состанокот беше позитивен, се договоривме, а дијалогот ќе го продолжиме и во наредните месеци“, открил Андерсон.

Ибрахимовиќ се прости од Шведска по Европското првенство во 2016 година. Тој со 62 гола е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата.

Шведска на ЕУРО 2021 ќе игра во групата со Шпанија, Полска и Словачка.

> Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд

Поповски нов ракометар на Вардар 1961

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда