Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Заев да се извини за своите ставови и навредите врз нашите предци и херои

Мицкоски: Заев да се извини за своите ставови и навредите врз нашите предци и херои

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест побара јавно извинување од премиерот Зоран Заев за своите ставови изнесени на бугарски медиум и за, како што кажа Мицкоски, навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Мицкоски, исто така, побара и оставка од Заев.

„Тоа не е став на Македонија. Нема право да го урива наследството и придобивките оставени и наследени од нашите претходници и предци. Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од Заев. Оставка веднаш“, кажа Мицкоски.

Тој најави дека утре ќе протестираат во Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.

„И нема назад. Заедно до крај. Македонија е жива. Ги издржала фашистите. Ќе го победиме и ова зло кое не снајде, сите заедно и старо и младо, браќа и сестри. Сите ние сме Македонија, и сите заедно ќе победиме“, рече Мицкоски.

Тој ги повика членовите на СДСМ да му се спротистават на Заев и ги повика десничарите да ѝ се придружат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакам да се обратам до членовите на СДСМ, симпатизерите на оваа партија. Се повикувате на антифашистичката борба, и како сите во оваа земја го имате полното право на тоа. Но мора сега да бидете погласни и да се спротивставите зошто Зоран Заев не е Македонија. Бранејќи ја вашата партија од Заев секој од вас ја брани Македонија. Имаме разлики но имаме поголема заедничка цел, да го сочуваме нашиот образ и нашиот идентитет. Ќе се обратам и до десничарите, оние кои поради различни причини имаат забелешки кон ВМРО-ДПМНЕ. Имаме опција сега да ни се придружите и да бидеме заедно и заеднички да победиме или да молчите вечно. Зошто нема оправдувања сега кога станува збор за Македонија“, рече Мицкоски.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајка од Струга ги оставила децата да спијат во автомобил на паркинг

Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери