Утрински Весник
Спорт

И Барса се прости од Марадона: Диего, никогаш нема да те заборавиме!

И Барса се прости од Марадона: Диего, никогаш нема да те заборавиме!

Бројни фудбалски клубови во светот се простуваат од починатата аргентинска фудбалска ѕвезда, Диего Марадона. Тоа го стори и неговиот поранешен клуб, Барселона, клубот кој беше прва европска дестинација за Аргентинецот.

„Диего, никогаш нема да те заборавиме“ стои во објавата на Твитер.

Марадона во Барса стигна по Светското првенство во 1982 година кое се играше токму во Шпанија. Во Каталонија се задржа две години, одигра 58 меча и постигна 38 гола.

Освен талентот, тој во Барселона покажа и склоност кон инциденти. Еден од најголемите беше токму во Барселона.

Учествуваше во неверојатна тепачка против играчите на Атлетик Билбао. Двете екипи, кои тогаш беа големи непријатели се состанаа во финалето на Купот на кралот во 1984 година. Во груб меч Атлетик славеше триумф со 1-0, но по последниот судиски свиреж настана хаос на теренот.

Марадона беше еден од главните протагонисти изведувајќи карате – удари:

> И Барса се прости од Марадона: Диего, никогаш нема да те заборавиме! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја