Борусија Менхенгладбах уште еднаш воодушеви во Лигата на шампионите, демонтирајќи ги Шахтјор Доњецк со 4:0 за да постави притисок на Интер и Реал Мадрид кои од 21 часот го играат големото дерби, додека Манчестер сити и официјално е во осминафиналето по 1:0 победата над Олимпијакос на гости во Грција.
На „Борусија-Парк“, домаќините дојдоа во водство уште во 14. минута преку гол од пенал на Штиндл, за Нико Елведи во 34. минута да зголеми на 2:0, пред Брил Ембодо да постигне сензационален гол со ножички во финишот на полувремето. Оскар Вент во второто полувреме го потврди триумфот, за „ждребињата“ да се зацврстат на првото место на табелата во групата Б со осум поени, додека Реал имаат само 4, а Интер 2 пред нивниот меч.
Тимот на Пеп Гвардиола, пак, ја забележа и четвртата победа во четири меча во ЛШ, славејќи со 1:0 со убавиот гол на Фил Фоден во првото полвуреме, за целосна контрола во групата Ц.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО
ГРУПА Б
Борусија Менхенгладбах – Шахтјор Доњецк 4:0
Интер – Реал Мадрид 21.00 ч.
Табела: 1.Борусија М. 8, 2.Шахтјор 4, 3.Реал Мадрид 4, 4.Интер 2
ГРУПА Ц
Олимпијакос – Манчестер сити 0:1
Марсеј – Порто 21.00 ч.
Табела: 1. Манчестер с. 12, 2.Порто 6, 3.Олимпијакос 3, 4.Марсеј 0
> Убедливиот Менхенгладбах го зголеми притисокот на Реал и Интер, Сити совршени во осминафинале <