Утрински Весник
Свет

Разрешена естонска министерска која со владино возило ги праќала децата на училиште

Разрешена естонска министерска која со владино возило ги праќала децата на училиште

Претседателката на Естонија Керсти Калјулајд денеска назначи нов министер за образование, откако неговата претходничка поднесе оставка во врска со скандал со употреба на владини автомобили.

Јаак Ааб, досегашниот министер за јавна администрација, ја замени Мајилис Репс, која поднесе оставка минатата недела.

Репс, самохрана мајка, неколку пати со министерски автомобил управуван од службен возач ги праќала своите шест деца на училиште, без притоа таа да биде во возилото, објавија естонските весници.

Со оставката на Репс и трансферот на Ааб, дури четворица министри ја напуштиле или замениле владината позиција од почетокот на ноември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американската крајбрежна стража нема да ги третира свастиките како симболи на омраза

Русија тврди дека го освоила градот Купјанск

Бела куќа: Трамп и Венс не се поканети на погребот на Дик Чејни во Вашингтон