Утрински Весник
Магазин

Рејтингот на ТВ-квизот „Џепарди“ најголем во последниве 7 месеци

Рејтингот на ТВ-квизот „Џепарди“ најголем во последниве 7 месеци

Најпопуларниот американски ТВ-квиз „Џепарди!“ има највисок рејтинг во последните седум месеци, а рекордната гледаност се должи на претходно снимени епизоди што се емитуваат по смртта на долгогодишниот водител Алекс Требек кој почина на 8 ноември на 80-годишна возраст.

Од 9 ноември наваму, Jeopardy! во просек имал 10.05 милиони гледачи на ден за епизодите емитувани во текот на неделата, што е скок од 24% во однос на просечната сезона на шоуто од 8,1 милиони“, пренесуваат медиумите.

Додека се лекуваше од болеста карцином на панкраес, Требек сними сосема нови епизоди кои ќе се емитуваат до почетокот на јануари.

Требек квизот го водел од 1984 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска ќе се случи целосно затемнување на Сонцето ширум светот: НАСА предупредува овој феномен да се набљудува со соодветна заштита

Дневен хороскоп за 12 Август 2026 година

Роналдо се венча со Георгина