Утрински Весник
Магазин

Д Викенд: Греми остануваат корумпирани

Д Викенд: Греми остануваат корумпирани
Dik 300x250 mk

Канадскиот пејач Д Викенд реагира на шпекулациите дека неговиот претстоен настап на полувремето на „Супербол“ е можеби причина што не доби ниту една номинација за Греми-награди.

Тој ги нарече „Греми“ корумпирани откако беа објавени номинациите во вторникот, а неговото име не беше меѓу номинираните и покрај многу успешната година.

Неговата реакција доаѓа по медиуските шпекулации дека спорните преговори со организаторите на „Греми“ можеби доведоа до негово изоставување од номинациите.

Во својата најнова објава на социјалните мрежи, Д Викенд (30) им напиша на организаторите: „Ми должите мене, на моите фанови и на транспарентноста на индустријата.“

Sвездата од Торонто беше во преговори дали може да настапи на претстојниот Super Bowl, изјавија извори за „ТМЗ“ во вторникот.

Организаторите на Греми, наводно, побарале тој да продолжи со преговорите за настап на сцената на полувремето на Super Bowl.

Инсајдери изјавија дека во таборот на Д Викенд, изведувачот на мегахитот Can’t Feel My Face, се сомневаат дека отсуството на номинации е одговор на непријатните преговори околу тоа дали тој ќе настапи во Суперболот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Објавени првите пет минути од новата сезона на Stranger Things

Откритие во Перу: Цртежи на храм-пирамида ја раскажуваат приказната за егзодусот на најстарата американска цивилизација

Фитнес рутина што ве води до потенок струк за само неколку недели