Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: Короната најголемата причина за смрт во ЕУ минатата недела

Фон дер Лаен: Короната најголемата причина за смрт во ЕУ минатата недела

Болеста предизвикана од коронавирус е најголемата причина за смрт во Европската Унија минатата недела и одзема 3.000 животи секој ден, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

„Болниците сè уште се под притисок, а во некои региони единиците за интензивна нега се преоптоварени“, рече Фон дер Лаен пред европратениците во Брисел.

„Иако овој Божик нема да биде нормален и Унијата мора да се спротивстави на поривот прерано да ги ублажи ограничувањата, светлината е видлива на крајот од тунелот, додаде таа.

Таа најави дека  европските граѓани можат да ја примат вакцината пред крајот на декември.

Откако неколку производители на вакцини пријавија ветувачки резултати од клиничките испитувања, членките на ЕУ мора да се подготват за дистрибуција на милиони дози, заклучи Фон дер Лаен.

Европската комисија постигна шест договори со најголемите фармацевтски компании во име на 27-те земји членки за набавка на вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза