Општинските власти одговорија на веста што „Порталб.мк“ ја објави завчера за фактот дека иако Општина Тетово одвоила околу 2,5 милиони денари за реконструкција на улицата „116“, работите сè уште не се започнати, пишува Порталб.мк.
Иако договорот објавен во системот за јавни набавки не споменува такво нешто, сепак работите ќе се вршат од третиот месец на следната година.
„Се планира работите да започнат во март, сега се спроведува програмата за инфраструктура“, велат од Општина Тетово.
Според споменатиот договор, објавен во Системот за јавни набавки, носителот на јавна набавка е должен да го заврши предметот на договорот, а тоа е реконструкција на улицата во рок од 60 дена од денот на започнување на работите.
Улицата „116“ во Тетово последен пат е асфалтирана пред прогласувањето на независноста на Македонија (1991 година), и во моментов е во ужасна состојба. Улицата е преполна со дупки, со оштетен асфалт што го оневозможува поминувањето на жителите од оваа населба со возила. Фактот дека е запуштена го потврдува и ѓубрето што се наоѓа на секој агол од оваа населба.
Жителите на ова населба во повеќе наврати бараа од надлежните институции да ја реконструираат, но нивните барања не беа воопшто земени во предвид. Во ноември минатата година, жителите на оваа населба до Општина Тетово испратија барање потпишано од над 200 жители на населбата, а одговорот го добија пред неколку седмици, односно 1 година подоцна.