Утрински Весник
Македонија

Две компании од Турција во конкуренција за јавно-приватно партнерство за дистрибутивниот систем на природен гас

Две компании од Турција во конкуренција за јавно-приватно партнерство за дистрибутивниот систем на природен гас

На 24. седница на Владата е разгледана и усвоена информацијата и извештајот во врска со активностите од првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во државата, информираат од таму.

„Врз основа на извештајот Владата донесе Одлука за избор на кандидатите „Акса Догалгас Дагити А.С.“ од Република Турција и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ исто така од Турција, согласно која од овие компании ќе се достави покана за учество во втората фаза на конкурентен дијалог, односно за учество во тендерската постапка до конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија,“ се вели во соопштението од Влада.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот