Утрински Весник
Спорт

Руските ММА фајтери ќе се претепаат, па ќе се смират и гушкаат

Руските ММА фајтери ќе се претепаат, па ќе се смират и гушкаат

Едно од најлутите ривалства кај руските ММА фајтери кое заврши со праќање во болница на Сергеј Харитонов, заврши, откако тој и Адам Јандиев јавно се смирија во Москва во вторникот.

Откако во понеделникот Харитонов излезе од болница по 10 дена откако беше брутално нападнат од Јандиев (наводно поради долгови), ветеранот од Белатор серијата се појави на посебна прес-конференција, каде што се пушти . на кое двајцата фајтери се гушкаат.

„Се сретнавме, зборувавме како мажи и се ракувавме. Немаме проблеми. Најважното е ова да не се повтори меѓу спортистите“, изјави 40-годишниот Харитонов.

32-годишниот Јандиев го нападна Харитонов на ММА настанот во комплексот „Лужники“ во Москва на 13 ноември, наводно поради долг од 20-тина илјади евра. Иако тие двајца се смирија, руската полиција потврди дека има две истраги околу Јандиев.

View this post on Instagram

A post shared by Igor Lazorin (@igorkakdela)

View this post on Instagram

A post shared by Sergey Kharitonov (@kharitonovmma)

Руска ММА пресметка за неисплатен долг – Јандиев го прати Харитонов во болница

> Руските ММА фајтери ќе се претепаат, па ќе се смират и гушкаат <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ